Мета на средба со министерката Манастирлиу поради влошената состојба со Ковид-19 во Албанија
Само преку спроведување на мерките и протоколите, преку личен пример, ќе можеме да успееме заедно, дури и во оваа фаза на пандемија, изјави албанскиот претседател Илир Мета на денешната работна средба, на негово барање, со министерката за здравстсво и социјална заштита, Огерта Манастирлиу, за тековните предизвици на справување со Ковид -19.
Министерката Манастирлиу информирала дека во согласност со подготвената стратегија и предлозите на техничкиот комитет на експерти, преземени се мерки за обезбедување на лична заштитна опрема на здравствените работници, зголемување на капацитетот за тестирање, болничките капацитети и човечки ресурси.
– Во спроведувањето на стратегијата е потребна соработка на граѓаните за да се справивме со ситуацијата предизвикана од Ковид-19. Само преку примена на мерки и протоколи, преку личен пример, ќе можеме да успееме заедно, дури и во оваа фаза на пандемија, изјави министерот Манастирлиу.
Шефот на државата, откако ја увери министерка за својата солидарност и целосна поддршка за здравствените институции, изрази благодарност и прзнание до сите лекари, медицински сестри и другиот персонал, кои се „ангажрани со максимален професионализам и посветеност на првата линија на фронтот“. Го нагласи значењето на подршката на здравствениот сектор со потребниот буџет, како и потребата од зголемување на заштитните мерки за здравствените работници.
Мета посебно ја истакна потребата од зајакнување на тесната соработка со сите соседни земји за преземање мерки за спречување и натамошно ширење на Ковид-19, со цел да се отворат копнените граници што е можно поскоро.
Поради влошената состојба со пандемјата, Мета вчера на прес конференција рече дека не ја отфрла можноста да го свика Советот за национална безбедност.
Ново на Сител
-
Повеќе скопски општини без струја
-
ОБСЕ/ОДИХР ќе ги соопшти првичните оценки за изборите
-
30 години Тинекс
-
Силјановска Давкова победи во 60 општини, Пендаровски во 3, Османи во 15, Таравари и Димитриевски во по една
-
Силјановска Давкова и Пендаровски во вториот круг претседателски избори
-
Првични резултати на ДИК
-
Норвешка донира 76 возила на македонската Армијата
-
Димитриевски победи во Куманово, Таравари во Гостивар, а Јакимовски загуби во Карпош