Балкан
16. March 2021 - 11:44

Мета категоричен: Никогаш повеќе политички договор со Рама

Албанскиот претседател Илир Мета гостувајќи во емисија на Сири Тв отфрли секоја можност за нова политичка соработка со премиерот Еди Рама.

Задржувајќи се на договорите со Рама, кога Мета беше лидер на Движењето за социјалистичка интеграција (ЛСИ) рече дека неговите договори со Рама во 2013 и 2015 година, биле „праведни затоа што биле принципиелни, во интерес на европската интеграција и во поддршка на реформите, но Рама го искористи сето ова, да ја заземе целата држава“.

-Еднаш направив договор со претседателот на Социјалистичката партија за европска Албанија, кој се обврза да го спроведе за две години, бидејќи знаеше дека без коалиција со ЛСИ ќе ги изгуби сите општини. Услов беше изгласувањето три закони. Сега јасно кажувам: Никогаш повеќе политички договор со Еди Рама, изјави Мета.

Тој пати и друга порака: „Нека им биде јасно на сите, јас не сум сам во оваа битка. Со мене е целиот народ на Албанија“.

Исто така упати низа обвинувања против владата, додавајќи дека за сите инволвирани во криминал ќе има „албански Нуремберг“ а за министерката за правда Етилда Ѓонај, рече дека до сега требало да биде во затвор.

-Ние многу добро знаеме каков мафијашки притисок беше извршен врз Претседателот да прифати кандидат за Уставен суд кој беше незаконски принуден од мнозинството и за кого министерката за правда Етилда Ѓонај требаше да биде во затвор и не само таа, туку со целата криминална група што ги фалсификувала писмата за тој кандидат кој се заколнал на лојалност, плаќајќи пари за да биде член на Уставниот суд, рече меѓу другото Мета.

Ново на Сител