Балкан
23. July 2020 - 11:08

Мета: Итно да се стопира драматичната депопулација на Албанија

Албанскиот претседател Илир Мета реагираше по објавената статистиката од Обединетите нации, каде се вели дека во изминатите три децении Албанија ја напуштиле 1,2 милиони луѓе.

Во врска со овие алармантни бројки, шефот на албанската држава потенцира дека запирањето на драматичното темпо на депопулација на Албанија е најголемиот предизвик за кој итно се потребни конкретни решенија.

„Време е сега да се запре анти-националниот проект на распаѓање на Албанија!Исполнувањето без одложување на 15 услови е единствениот патоказ на Европската Албанија! Да се обедниме против депопулацијата и враќањето на надежта! Албанија без Албанци не може да постои,напиша Мета на Фејсбук.

Светската организација откако прави преглед на бројот на албански граѓани кои ја напуштиле земјата и периодично,додава дека според последната проценка, направена во 2019 година во најоптимална варијанта,со нула миграција и нормална стапка на наталитет, во 2100 година Албанија не се очекува да има повеќе од 1,9 милиони жители,додека според средната варијанта милион жители.

Според најниското сценарио пак, (висока стапка на емиграција и ниска стапка на наталитет), во Албанија во 2100 година, не се очекува да останат повеќе од 512 илјади жители.