Балкан
31. May 2020 - 15:29

Мета: Исполнетего ветувањето за консензус и усогласете ја изборната реформа,народот ќе го избира и претседателот

Денеска кога е последниот рок за постигнување консензус околу изборната реформа,албанскиот претседател Илир Мета ги повика  политичките партии да не се плашат и да го исполнат ветувањето за консензус.

„Повеќе да не се плашат од слободно и рамноправно дадениот глас на граѓаните во земјава и да им дадат можност да се изразат, не само за партиите, туку и за
пратениците за да не молчат во парламентот и да продолжат да креваат раце за закони и политики кои ја зголемуваат сиромаштијата во земјата и фаворизираат само мал број  олигарси и политичари кои никогаш не сакаат да дадат отчет и да бидат одговорни, вели Мета.

Тој уште додава дека и идниот претседател бара  го избира народот на непосредни избори.

„И да го дадам првиот пример, ве поканувам да одлучите и за изборот на  претседател од страна на народот, така што во оваа земја претседателот веќе нема да има обврски кон ниту една партија, туку само кон Уставот, граѓаните и
Република,наведува Мета.

Тој исто така објавува и дел од предупредувањата на Светска банка во кои се наведува дека од кризата со Ковид-19 Албанија потонува во сиромаштија.

„Светската банка предвидува две различни сценарија, според кои сиромашнијата во Албанија може да се опфати 39,6 отсто од населението, во најдобар случај и до 43,6 отсто во најлошото сценарио. И во двете сценарија, Албанија ќе продолжи да биде земја со најголема стапка на сиромашни во однос на населението во регионот, наведува Мета цитирајќи дел од предвидувањата на СБ.