Балкан
26. October 2018 - 13:48

Мета: Идејата за промена на границите троши многу време енергија за погрешни цели

Албанскиот претседател Илир Мета, изјави дека предлогот за промена на границите меѓу Косово и Србија троши многу енергија за погрешни цели.

Во предавањето што го оржа во Европскиот центар „Џорџ Маршал“ Мета нагласи дека дијалогот меѓу Косово и Србија, со посредство на ЕУ, влегува во својата завршна фаза.

– Според моето мислење, треба само заеднички американски и еворпски напори за да се донесе до крајот оваа работа која се уште не е завршена, или оваа важна фаза на консолидација на Балканот. Последниот предлог за нова дебата околу тоа што треба да содржи конечниот договор за нормализирање на односите меѓу Косово и Србија, троши многу енергија за погрешни цели. Тој ниту го консолидира ниту го смирува Балканот, истакна Мета.

Оваа дебата, според шефот на албанската држава се развива со жесток провокативен јазик.

– Отворањето на таква дебата во време кога се подигнати сигнализирачки црвени знамиња за предупредување од САД и од ЕУ за вмешаност за трети актери во регионот, го прави дури и поалармантен. Видовме во последниве неколку недели, политичка реторика се одвива со жесток провокативен јазик, воскреснувајќи ја „носталгија“ на страотниот режим на геноцид. Не може да има поголема директна закана од оваа за нашата безбедност,оценува Мета.

Шефот на абанската држава уште на самиот почеток на лансирањето на идејата за промена на границите и размена на територии меѓу Србија и Косово, се изјасни против таква идеја, оценувајќи дека тоа носи нови конфлкти и оти на Балканот доста му е од крвополевања.