Балкан
28. November 2018 - 18:16

Мета го одликуваше Месиќ со орден „Национално знаме“

По повод 106-годишнината од прогласувањето  независност на Република Албанија, албанскиот претседател Илир Мета со орден „Национално знаме“ го одликува поранешнот хрватски претседател Стипе Месиќ.

Според Мета, ова големо признание се доделува за континуираното залагање на Месиќ во заштита на интересите на Албанците на Балканот. Во обраќањето, Мета го посочи факотот дека Месиќ ги заштитувал и интересите на Косово и напорите за неговата независност.

-Претседателот Месиќ е незаменлив пријател кој ги штити правата на Албанците, кој повеќе од 50 години дава  поддршка на Албанците. Во најтешките моменти на албанската нација, остро се спротивстави против режимот на (Слободан) Милошевиќ во Косово и крвавата војна. Тој беше силен глас против масакрите и етничкото чистење што ја придружуваше оваа војна. Како претседател на Хрватска во два мандата продолжи да ја брани каузата за Косово и неговата независност. Тој е неуморен поборник за заштита на гласот на Албанците  во Македонија и во Прешевската Долина, рече меѓу другото Мета.

Примајќи го одликувањето Месиќ рече дека за него е огромна чест бидејќи се вреднува неговата работа  и му дава сила за продолжување на мисијата.

-Денеска го примам ова прзнание  за она што го направив, но и за она што треба да направам. Како што знаете, јас сум бил претседател во Хрватска 10 години. Работев и соработував со Албанија и за правата на Албанците на Балканот, рече меѓу другото Месиќ.

Месиќ ја повика ЕУ да ја забрза интеграцијата на Југоисточна Европа во Европската унија.
 
-Таквиот процес, ќе ги згасне идеите за промена на границите, долгогодишна идеја на Милошевиќ, која тој не можеше да ја реализира, но денес, има луѓе кои тоа  го нарекуваат добра идеја. Погрешна политика. Тоа е исто како да речеме дека во Германија, Хитлер имал добри идеи но кои не ги реализирал, рече Месиќ.

Тој зборуваше и за режимот на Слободан Милошевиќ, кој според него војувал за Голема Србија, но оти на крај „оваа идеја завршила со нула сантиметар добивка и 100 илјади убиени“.