Мета: Доколку ги послушавме советите денеска ќе добиевме безусловна одлука за почеток на преговорите со ЕУ
Албанскиот претседател Илир Мета реагираше веднаш по одлуката на Будестагот да даде зелено светло за почеток на преговорите со ЕУ, на Албанија,но со девет услови.
Тој упати посебна благодарност до Бундестагот, особено групата ЦДУ-ЦСУ за нивната сериозна посветеност за поддршка на интеграцијата на Албанија.
Во објавата на Фејсбук , Мета пишува дека сега итно треба да се започне со работа за решавање на длабоката политичка криза и исполнување на условите поставени од Германија.
-Сега итно да се работи на брзо решавање на длабоката политичка криза и исполнување на 9 јасни критериуми! Доколку навреме се послушаа нивните совети, денес би донеле безусловна одлука како за Северна Македонија. Сериозен одраз за да и дадеме на Албанија реална, а не имагнарна можност! Честитки Северна Македонја,напиша Мета.
Ова е прва официјална реакција во Тирана по одлуката на Бундестагот.
Медиумите без исклучок веднаш ја пренесоа веста за одлуката на германскиот Бундестаг,со посебен акцент дека „за разлика од Северна Македонија која доби безусловна, Албанија доби условена препорака “. Нагласуваат дека одлуката е донесена со мнозинство гласови и оти гласале не само пратениците од власта туку и дел од опозицијата.
Ново на Сител
-
Ѓорчев: На 15% на ниво на Македонија Силјановска Давкова 43.466, Пендаровски 18.213
-
ЈО: До затворање на избирачките места не е пристигната ниту една пријава за кривично дело поврзано со изборите
-
Три случаи на фотографирање и два случаи на кинење на гласачкото ливче, соопштува МВР
-
Муцунски: Овој ден е почеток на крајот на оваа власт
-
48% од гласачите гласале до 18.30 часот
-
Арбен Таравари: Граѓаните масовно излегуваат, што е добар знак за опозицијата
-
Стевчо Јакимовски: Најголема штета се прави на Македонија, ако не се излегува да се гласа
-
Билјана Ванковска: Првиот и најважен чекор е граѓаните да гласаат, а каков избор ќе направат ќе видиме вечер