Фудбал
3. April 2017 - 16:30

Местење во Шпанија, Елдензе се повлече од натпреварувањето

Местењето во фудбалот како рак-рана ја зафаќа и Шпанија и тоа во Третата шпанска лига каде Барселона-Б славеше со неверојатни 12-0 против Елдензе. 

 По завршување на дуелот, играчите на Елденсе плачеа на терен, а агонијата продолжи и потоа. Од клубот решија да не ги играат мечевите до крајот на сезоната и се откажуваат, бидејќи ионака веќе се испаднати.

Клубот кој е основан во 1921 годинареши да ги прекине сите спортски активности, а го раскина и договорот со италијанскиот инвеститор, бидејќи постои сомнеж дека постои местење на натпреварите.

Луѓето од клубот ангажирале полиција за да се истражи дали мечот против Барселона. Претседателот на клубот смета дека не може да се прими 12 погодоци на еден меч од тим што е во ист ранг, а посебно што Барселона Б играше без своите најдобри играчи.

https://