Балкан
5. јуни 2016 - 17:53

Месиќ: Хрватска нема влада, единствено решение се нови избори

Поранешниот претседател на Хрватска Стипе Месиќ оцени денеска дека за кризата во земјата единствено добро решение би биле нови избори, затоа што, според него, Хрватска сега нема влада.

- Тешко е сега да се процени како нештата ќе се развиваат, но дека кризата е тука е сосема јасно и постојат неколку можни сценарија, рече Месиќ при гостувањето во емисијата „Во недела во два“, на ХТВ.

- Кризата е од толкави размери што можеме Хрватска да ја наречеме голема невладина организација, бидејќи влада немаме, истакна Месиќ.

На прашањето дали би било паметно првиот потпретседател на Владата Томислав Карамарко и лидер на ХДЗ да даде оставка, бидејќи со тоа најверојатно неговата партија би останала на власт, Месиќ со оценка дека е евидентна морално-политичката одговорност на Карамарко и дека би требало да се повлече доколку и сака добро на својата партија.