Loading Video...
Фудбал
30. October 2019 - 12:18

Меси со два гола и две асистенции во победата на Барса над Ваљадолид

Со два постигнати гола и две асистенции Лионел Меси беше најзаслужен за победата на Барселона против Ваљадолид со 5-1. 
 
На мечот кој се одигра на „Камп Ноу“, а во рамките од 11.коло на Ла Лига, Меси беше стрелец на третиот и четвртиот гол, а асистираше при постигнувањето на головите на Видал и Суарез. 
 
Барселона сега на првото место на табелата со 22 бода или два повеќе од Гранада и Атлетико Мадрид кој вчера одигра само 1-1 на гостувањето кај Алавез, но мадридскиот тим има и натпревар повеќе.