Фудбал
22. September 2016 - 16:04

Meси се повреди и ќе паузира еден месец

Барселона во дербито против Атлетико Мадрид, остана без победа и без Лионел Меси. Натпреварот заврши 1-1, а Меси теренот го напушти по еден час игра.
 
Најдобриот играч на Барселона, Меси, по еден дуел со Диего Годин ја обнови повредата на бутниот мускул, поради што мораше да го напушти теренот. Меси поради оваа повреда на почетокот на сезоната го пропушти квалификацискиот натпревар помеѓу Аргентина и Венецуела.
 
Меси, според првичните прогнози, од терените ќе отсуствува три до четири недели. Во овој период тој ќе ги пропушти дуелите кои Барселона ќе ги одигра против Борусија Менхенгладбах во Лигата на шампионите, односно првенствените дуели со Спортинг Хихон и Селта, како и квалификациските натпревари кои Аргентина ќе ги одигра против Перу и Парагвај.
 
Аргентинецот првиот меч по паузата треба да го одигра на 19.октомври, кога во Лигата на шампионите, ќе се игра дербито Барселона-Манчестер Сити.
 
Инаку покрај Меси натпреварот со Атлетико пред време го заврши и Серхио Бускетс, тој беше заменет во 51.минута.