Фудбал
12. January 2016 - 13:01

Меси сака „пензија“ во Барселона

Новинарите на церемонијата во Цирих повторно ја искористија шансата да го запрашаат добитникот на Златната топка Лионел Меси дали ќе замине од Барселона. Аргентинецот помалку изнервиран одговори: „Ви реков илјада пати дека мојата желба е да ја завршам кариерата во мојот дом во кој сум од 13-тата година а тоа е Барселона. Се надевам дека ќе биде така„- упорен е Меси. 

Задоволство од признанието на Меси изрази и претседателот на клубот Џозеп Бартомеу кој рече дека Златната топка за Меси е и  големо признание за Барселона.