-->
-->
Меси никогаш не постигнал гол против Челзи
-->
Најдобриот фудбалер на каталонскиот гигант Барселона, Лионел Меси, никогаш досега нема посигнато гол во дуелите на Барселона и Челзи.
По денешната ждрепка за осминафиналето во Лигата на шампионите, која донесе дуел на англискиот првак Челзи и шпанската Барселона, медиумите на островот, поитаа да потсетат дека Барселона и не е така тежок противник за „сините“ од Лондон, потенцирајќи дека нивниот најдобар играч Меси никогаш нема постигнато гол во дуелите против Челзи.
Меси има одиграно осум натпревари против Челзи, но ниту еден од неговите 29 обиди (удари кон гол) не ја погодил целта, па тоа е најлошиот рекорд на Аргентинецот против било кој клуб во неговата кариера, потенцираат медиумите во Англија.
Но,дали така ќе остане и по мечевите закажани за 20 февруари во Лондон, односно 14 март во Барселона,останува да се види.
Досега овие два тима имаат одиграно 12 натпревари во Лигата на шампионите, во кои англискиот тим има четири победи, наспроти трите на Барселона, додека пет меча завршиле без победник
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Руски воен репортер загина во Украина
-
Претрес во Свети Николе, пронајдена дрога
-
Пожари на диви депонии во Желино и Боговиње
-
Приведен дилер во Охрид, пронајдена дрога
-
Вучиќ-О'Брајан: Различни ставови по прашањата за Косово и Сребреница
-
Шест деца и тројца возрасни загинаа во израелски напад во Рафа
-
Во вторник предизборен молк
-
СПМ поднесе кривична против поранешниот министер за внатрешни работи и други три лица за несовесно работење