Фудбал
16. November 2016 - 13:54

Меси и „гаучосите“ ги бојкотираат новинарите

Лионел Меси е предводник на бунтот на аргентинските репрезентативци, против медиумите во земјата, откако нивниот соиграч Есекијел Лавеци бил обвинет дека пушел марихуана во тренинг кампот.
 
Капитенот и најдобриот аргентински фудбалер, по победата над Колумбија (3:0) со комплетниот тим се појавил на прес-конференцијата и ги критикувал новинарите, поради какошто рекол, злонамерните пишувања кои и штетат на репрезнетацијата.
 
„Донесовме одлука повеќе да не разговараме со новинарите, а причината е позната. Имаше многу обвинувања и уште повеќе непочитување, а ова што го направивте со Лавеци е многу сериозно. Можиме да трпиме критики поради лошите резултати и лошата игра, но не можеме да трпиме кога се навлегува во приватноста. Доколку сега не го сопреме ова, тогаш тоа никогаш нема да биде направено“, ја пренесува агенцијата AFP изјавата на Меси.
 
Инаку, Лавеци, со остра реакција демантирал дека пушел марихуана и најавил дека ќе ги тужи медиумите бидејќи написите му наштетиле на улгедот и ги навредиле неговото семејство и неговиот клубот Хебеи.