Loading Video...
Фудбал
2. December 2019 - 14:50

Мeси и донесе триумф на Барса на гостувањето кај Атлетико

Со голот на Лионел Меси екипата на Барселона го доби дерби мечот од 15.коло во шпанската Примера против Атлетико Мадрид. 
 
На средбата одиграна на „Ванда Метрополитано“ во Мадрид, Барселона славеше победа со 1:0 со голот на Лионел Меси постигнат во 86.минута. 
 
За Аргентинецот, ова беше деветти гол сезонава во Ла Лига, а има еден помалку од најдобриот стрелец Карим Бензема од Реал Мадрид. 
 
По 14 одиграни натпревари, еден помалку од останатите, Барселона и Реал со идентични 31 бод се на првите две позиции на табелата. 
 
Заостанатиот дуел односно дербито Барса - Реал или популарното „Ел Класико“ ќе се игра на 18 декември на „Камп Ноу“.