Фудбал
11. December 2017 - 13:50

Меси го израмни рекордот на легендарниот Милер

Барселона победи кај Виљареал 2:0, во рамките на 15.коло во Ла Лига. Стрелци на головите за Каталонците беа Луис Суарез и Меси.
 
Аргентинецот во 83. минута ја потврди победата на Барселона и успеа да сруши уште еден рекорд. Голот против Виљареал беше 525.за Меси во првенствен натпревар за Барселона, со што го израмни рекордот на легендарниот Германец Герд Милер.
 
Меси го сруши 40 години стариот рекорд кој Милер го постави во периодот од 1965 до 1979 година во дресот на Баерн. Германецот 525 гола постигна на 572 натпревари, додека на Меси за да стигне до оваа бројка му биле потребни 605 натпревари.