Здравје
17. April 2017 - 9:42

Мешунките како превенција за дијабетес

Резултатите од едно неодамнешно истражување покажаа дека мешунките како леќа, наут, грашок, грав, соја и слично помагаат како превенција за дијабетес тип 2.
 
Во истражувањето учествувале 3.349 лица кои имале висок ризик од кардиоваскуларни заболувања, но немале дијабетес тип 2.
 
Нивната здравствена состојба е следена четири години и утврдено е дека испитаниците кои редовно консумирале мешунки (во просек 200 грама неделно) имале за 35 отсто помал ризик од дијабетес од лицата кои јадат помалку од 90 грама мешунки неделно.