Фудбал
15. March 2017 - 18:39

Месец пауза за најдобриот играч на Тотенхем

Напаѓачот на Тотенхем, Хари Кејн, ќе паузира нешто повеќе од еден месец поради повредата на глуждот, со која се здоби на четвртфиналниот натпревар во ФА купот против Милвол.

Тотенхем, конечно објави, колкава пауза го очекува Хари Кејн по повредата со која се здоби на натпреварот во ФА купот против Милвол. Кејн теренот го напушти по нецели десет минути игра, а клубот во средата соопшти дека тој ги истегнал лигаментите, поради што нешто повеќе од еден месец ќе биде на рехабилитација.

Кејн сигурно ќе ги пропушти натпреварите со Саутемптон, Барнли, Свонски, Вотфорд и Борнмут во Премиерлигата, но и пријателскиот натпревар Англија-Германија и квалификацискиот дуел на неговата репрезентација против Литванија.

Најдобриот играч и стрелец на Тотенхем е неизвесен и за полуфиналниот меч во ФА купот против Челзи, кој ќе се одигра на Вембли на 22 или 23.април.

Хари Кејн, во моментов заедно со Ромелу Лукаку од Евертон е водечкиот стрелец во Премиерлигата. Двајцата играчи имаат постигнато по 19 голови.

Тотенхем на табелата во Премиерлигата ја дели втората позиција со Манчестер Сити, двата тима заостануваат по десет бодови зад лидерот Челзи.