Фудбал
23. April 2021 - 9:44

Мертенс го повтори рекордот на Наполи за голови во Серија А

Напаѓачот на Наполи, Дрис Мертенс синоќа постигна гол на натпреварот од 32. коло во италијанскиот шампионат против Лацио (5:2).

Триесет и тригодишниот Белгиец го повтори клупскиот рекорд за погодоци во Серија А, постигнувајќи 102 гола. Овој успех напаѓачот и го посвети на својата баба, која почина минатата недела.

Исто така, Мертенс е најефикасен фудбалер на Наполи со 135 гола постигнати на сите натпреварувања.

Во тековната сезона, Мертенс одигра 32 натпревари, на кои постигна 10 гола и направи девет асистенции.