Бизнис
6. May 2016 - 19:33

Мерките млад земјоделец и 50 -50 дел од поволностите за проектот миграција град село за нов почеток

Мерката млад земјоделец и 50 -50 дел од поволностите за проектот  миграција град село за нов почеток.  За мерката млад земјоделец има голем интерес.Се нуди неповратна финансиска подршка од 600 илјади денари од кои 10 илјади се за реализирање на инвестициски план за три години. За мерката можат да аплицираат лица од 18 до 40 години. Парите можат да ги искориста за набавка на добиток, изградба на фарма, механизација.

Со мерката 50 -50 пак се покриваат половина од трошоците или 3,5 милиони денари по корисник  за набавка на  механизација за житни и индустриски култури.

Земјоделецот Гоце од општина Новаци ги искористил овие мерки,на површина од 40 декари засадил тутун и житни кулутури, набавил и нова механизација за работа.

Освен овие, луѓето кои ќе одлучат да се преселат од град на село, добиваат и други поволности.

Поволности за град- село

-субвенции за реновирање или изградба на куќа од 6.000 евра

-бенефиции за државно земјоделско земјиште до три хектари

-еднкратна  месечна субвенција од 15.000 денари 18 месеци по ред за прилагодување на животот на село.

Други поволности за поисплатливо земјоделство

-80 отсто финансиска подршка од држвата за инсталирање на систем капка по капка и изградба на бунари

-80 отсто финансиска помош од државата за набавка на високоприносен добито.

-ќе се овомзожи и мерка бесплатна концесија за пасишта

Државата покрива половина и од трошоците за набавка на

пчелни матици и опрема во пчеларството. На корисниците на оваа мерка ќе им стои на располагање можноста за организирање во задруги, а со тоа и можност за  повисоки субвенции од 7 или 15%.