-->
-->
Мерки на претпазливост за жител од Пелинце поради говор на омраза на Фејсбук
-->
Основното јавно обвинителство Куманово поведе постапка против жител на село Пелинце, Општина Старо Нагоричане, поради постоење сомнение дека сторил кривичното дело – ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем.
Како што соопшти Јавното обвинителство, осомничениот делото го сторил на 21 април годинава преку социјалната мрежа Фејсбук, кога објавил текст во кој дал поддршка на кривичното дело сторено од негов близок роднина во кое животот го загуби полициски службеник, а беа повредени уште четири лица. Во објавениот текст, осомничениот повикал на насилство кон оштетените од сообраќајната несреќа.
Надлежен јавен обвинител од ОЈО Куманово, поведувајќи ја постапката против осомничениот, ценеше дека се исполнети законските основи, па до судија на претходна постапка на Основниот суд Куманово достави и предлог за определување мерки на претпазливост за осомничениот. Предлогот беше прифатен, па со Решение на осомниченото лице му се определени мерките на претпазливост според кои привремено му е одземена патната исправа и му е зададена обврска да се јавува еднаш неделно на службено лице во судот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Врховен го укина притворот на таткото на Вања, определи куќен притвор и мерка на претпазливост
-
Грчки медиуми: Голема победа на опозициската ВМРО-ДПМНЕ
-
Во Тетово прегазен малолетен пешак
-
Утре и во сабота дожд, потоа стабилизирање на времето
-
СЗО за консумирање алкохол и електронски цигари кај адолесцентите: Состојбата е алармантна
-
Белгиски медиуми: Македонија оди во втор круг гласање од кој и зависи европската иднина
-
Ангелов: Граѓаните ја отпишаа СДСМ, сите заедно да ги отпишеме и ДУИ
-
Тројца уапсени во врска со истрагата за поткуп против рускиот заменик министер за одбрана