Loading Video...
Свет
6. December 2019 - 22:26

Меркел за првпат откако е на својата функција го посети меморијалниот споменик на жртвите од холокаустот Аушвиц Биркенау

Германската канцеларка Ангела Меркел за првпат откако е на својата функција го посети меморијалниот споменик на жртвите од холокаустот Аушвиц Биркенау во нацистичкиот логор Аушвиц. Таа 14 години е германски канцелар.Меркел и полскиот премиер Матеуш Моравиецки положија комеморативни венци на „Ѕидот на смртта“, каде биле убиени илјадници луѓе.Меркел донираше 60 милиони евра за зачувувањето на местото што нацистите го претвориле во најголемиот логор на смртта.Половина од парите се донација од сојузната влада на Германија, а половина од регионални влади. Годинава се одбележуваат десет години од фондацијата Аушвиц-Биркенау, а Германија е најголем донатор на фондацијата.Се проценува дека повеќе од еден милион луѓе, од кои повеќето Евреи, биле убиени во логорот, пред Советската армија да го ослободи во 1945 година.