Свет
26. May 2020 - 9:20

Меркел вo среда за приоритетите со претседавањето со ЕУ

Германската канцеларка Ангела Меркел в среда ќе ја објави политиката што Берлин ќе ја спроведе за време на претседателството со Европската унија, што го презема на 1 јули.

Меркел ќе зборува на интернет-дискусија за „Надворешна и безбедносна политика за време на германското претседателство на Европскиот совет“, организирана од германската фондација Конрад Аденауер.

Покрај Меркел, на трибината ќе говорат и поранешниот претседател на германскиот Бундестаг и сегашен претседател на фондацијата Конрад Аденауер, Норберт Ламерт, францускиот амбасадор во Германија, Ана-Мари Декорис, директорот на Институтот за кинески студии, Мико Хуотари, како и заменик претседател на парламентарната група на владејачката германска коалиција ЦДУ / ЦСУ, Јохан Вадефул.

На 1 јули, Германија го презема шестмесечното претседателство на Европската унија од Хрватска.