Македонија
3. September 2018 - 17:04

Меркел во сабота во Скопје лично да се увери за атмосферата пред референдумот

Германската канцеларка Ангела Меркел во Сабота доаѓа во Скопје. Информацијата ја потврди и нејзиниот кабинет од каде велат дека канцеларката сака лично да се увери во предреферендумската атмосфера во Македонија, а со Заев ќе разговара на билатерални теми и за регионалните случувања.

Според нејзината агенда, таа во петок ќе оствари средба со францускиот претседател Макрон во Париз од каде директно ќе слета во Скопје.

Премиерот Заев денеска потврди дека Меркел ја очекува на Денот на незвинсноста

Во екот на кампањата за референудмот за промена на името, во Скопје се најавува и посетата на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, австрискиот канцелар Себастијан Курц и еврокомесарот Јоханес Хан.

Во меѓувреме и Собранието ги распредели парите кои Владата му ги даде за пропаганда. Од кабинетот на Џафери велат дека пари ќе има само за пратениците кои го поддржуваат референдумот, додека Милошоски кој најави бојкот, нема да добие ништо.

„Алоцираните финансии исклучиво ќе бидат користени само за намената за која се распределени средствата, односно за кампањата којашто ќе биде спроведена од страна на 71 пратеник коишто се изјасниле дека се во коалицијата ЗА референдумот, што претставува 59% од времето за повластено платено рекламирање во медиумите.“ – стои во соопштението од Собранието.

Антонио Милошоски за Сител потврди дека Собранието не одобрило пари за неговата кампања за бојкот и додава дека за него тоа не прави разлика бидејќи тој ќе агитира да не се гласа на рефернендумот со сопствени средства.

Од ВМРО-ДПМНЕ обвинуваат дека власта ги лаже граѓаните со нивните пари

Од оние 1,3 милиони евра кои Владата им ги стави на располагање, пратениците ќе потрошат нешто помалку од 780 илјади евра, а останатите, ќе ги вратат во Буџетот.