Свет
11. July 2016 - 9:02

Меркел: Велика Британија нема да остане во ЕУ

Германскиот канцелар Ангела Меркел синоќа изјави дека Велика Британија ќе го активира членот 50 од Лисабонскиот договор за официјално да ја објави одлуката за излегување од Европската унија.

- Сигурна сум дека барањето ќе биде депонирано, изјави германската канцеларка.

Меркел ја исклучи варијантата Велика Британија да остане во ЕУ.

- Одлуката, според мене беше донесена, кога мнозинството Британци посакаа нивната земја да излезе од ЕУ, нагласи Меркел.

На референдумот на 23 јуни во Велика Британија, 51,9 отсто од Британците гласаа за излегување од ЕУ, додека 48,1 отсто го поддржаа останувањето во Унијата. 

Според член 50 од Лисабонскиот договор за да излезе од ЕУ Лондон треба официјално да го извести Брисел за оваа намера и да испрати соодветно барање.