Свет
26. May 2016 - 15:11

Меркел: Уште е рано да се зборува за укинување на санкциите кон Русија

Германската канцеларка Ангела Меркел, на маргините од средбата на самитот на Г-7 во Јапонија, изјави дека се уште е рано да се зборува за укинување на западните санкции кон Русија.

И претседателот на Европскиот совет Доналд Туск се осврна на санкциите кон Русија.

- Убеден сум дека ќе донесеме одлука за санкциите во следните две-три недели без големи разгледувања, посочи Туск.

Тој додаде дека Европска унија ќе се придржува на актуелната политика кон Русија, вклучително и кон економските санкции, додека не бидат до крај исполнети обврските од Договорот од Минск.

Европските санкции кон Русија ќе бидат во сила до 31 јули и досега не е разговарано за нивно продолжување.