Свет
22. January 2016 - 21:39

Меркел: Сирискиот конфликт не може да се реши без Русија

Претставници на германската и турската влада за време на денешните консултации во Берлин ги разгледаа односите со Русија, изјави на прес-конференција германската канцеларка Ангела Меркел.

- Разговаравме за односите со Руската федерација. Владата на Турција соопшти дека се прават обиди за започнување преговори со Москва, бидејќи е јасно дека без Русија не е можно решение за сирискиот конфликт, истакна Меркел.

Кризата во односите меѓу Москва и Анкара започна по инцидентот на 24 ноември минатата година, кога руски авион-ловец Су-24 М беше соборен од турското Воено воздухопловство.

Според тврдењата на Анкара, авионот го нарушил турскиот воздушен простор, што руското Министерство за одбрана категорично го негира.