Loading Video...
Свет
21. November 2017 - 16:36

Меркел сигнализира предвремени избори, Штајмаер притиска за преговори

Подобри нови избори отколку малцинска влада. Во телевизиското обраќање  по неуспешниот обид да ја формира новата коалициска  влада во Германија, канцеларка Меркел  изјави дека е подготвена да ја води нејзината партија во нови избори.  Таа порача дека нема да се повлече како лидер на Демохристијанската унија и како канцелар.

И додека Меркел сигнализира предвремни избори, Претседателот на Германија Штајнмер притиска за продолжување на преговорите.

-Сите политички партии избрани во парламентот се имаат  обврзано  дека ќе ги застапуваат јавните интереси. Тие се во служба на нашата земја. Очекувам сите од нив да бидат подготвени да разговараат за да се обидат да формираат влада во блиска иднина.