Меркел, Ренци и Оланд денеска ќе разговараат за иднината на ЕУ по Брегзитот
Лидерите на Германија, Италија и Франција денеска ќе имаат средба на островот Вентетоне, крај Неапол, на која ќе ја разгледаат ситуацијата во Европската Унија по Брегзитот.
Италијанскиот премиер Матео Ренци избра да им биде домаќин на германскиот канцелар Ангела Меркел и на францускиот претседател Франсоа Оланд на островот каде за време на Втората светска војна двајца италијански интелектуалци го изготиле манифестот за политичкото обединување на Европа.
Ова е втората средба на лидерите на трите водечки економии во еврозоната, откако Британците гласаа за излегување од ЕУ.
-Тие ќе дојдат да ја разгледаме можноста како Европа повтроно да ја лансираме од дното, кажа вчера Ренци.
„Понеделник има за цел да го покаже единството на трите најголеми земји во Европа, а не да создава някаков специјален клуб“, изјави дипломатски извор во Париз, цитиран од британските медиуми. Според него, Меркел, Ренци и Оланд ќе имаат за цел само да ја создадат базата за претстојниот самит на ЕУ во Братислава.
Ново на Сител
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари
-
ДИК: Гласањето во затворите тече без проблеми
-
Водителот Марко Новески стана татко на близначиња