Свет
25. November 2017 - 14:42

Меркел против предвремени избори

- Германската канцеларка Ангела Меркел денеска категорично ја отфрли можноста за предвремени парламентарни избори, откако не успеа да формира влада со либералната партија ФДП и со партијата на Зелените.
 
- Апсолутно не сум убедена дека, ако не можеме да направиме ништо со овие резултати, треба да ги повикаме граѓаните да гласаат повторно, изјави Меркел на конференција на нејзината демо-христијанска партија ЦДУ во градот Куелунгсборн.
 
Таа додаде дека Европа има потреба од силна Германија. - Пожелно е брзо да се формира влада, истакна Меркел.
 
Ангела Меркел ќе почне разговори со Социјал-демократската партија на  Германија за формирање голема коалиција. Ова денеска го изјави и лидерот на социјал-демократите Мартин Шулц.