Меркел: Признание за Заев и Ципрас на храброста за постигнатиот договор
Германската канцеларка Ангела Меркел им оддаде признание на премиерите на Република Северна Македонија и на Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас за нивната храброст да постигнат договор и да го надминат повеќедеценискиот спор, овозможувајќи и на тој начин влез на Република Северна Македонија во НАТО.
– Во секој конфликт може да се најде решение доколку се покаже храброст, истакна Меркел на Минхенската конференција за безбедност.
Таа, меѓу другото, предупреди и дека мултилатералниот светски поредок се распаѓа, но тоа не значи дека треба да се уништи. Меркел ја критикуваше изолационистичката и националистичката политика на американскиот претседател Доналд Трамп.
– Мора да се бориме за Европа, за мултилатерализмот, против оние кои мислат дека можат се сами, нагласи Меркел.
Ретко во досегашната историја имало толку многу несогласувања меѓу САД и Германија. Моментно овие две земји имаат спор околу Иран, одбранбената пресметка и гасоводот Северен тек кој треба да достави руски гас во Германија.
Берлин е загрижен за мултилатералната соработка по повлекувањето на САД од неколку меѓународни договори, вклучувајќи ги Парискиот климатски договор и иранскиот нуклеарен договор, двата потпишани во 2015 година.
– Кој ќе ги собере парчињата од распаѓањето на светскиот поредок? Ние. Сите ние, заедно, порача Меркел во својот говор на Минхенската конференција за безбедност
Ново на Сител
-
Поранешниот директор на Бирото за јавна безбедност Митко Чавков пренесен во приватна болница во Скопје
-
Собранието расправа за Националната стратегија за спречување на корупцијата
-
Филипче: Ситуацијата е сериозна, има благо зголемување на притисокот врз ковид-центрите
-
Снежно невреме во Хрватска
-
Судот одреди 30 дневен притвор за Мијалков
-
И АА и Алтернатива најавија повлекување на амандманите
-
Мисајловски: Нема тендер што не е наместен, со државата владее мафија
-
Обвинение за лице кое затаило данок во износ од 713.895 денари