Свет
18. January 2017 - 17:15

Меркел: Преговорите за Брегзит ќе почнат кога Лондон ќе го активира членот 50

Германската канцеларка Ангела Меркел изјави денеска дека ЕУ сега има појасно гледиште за тоа со каков став Велика Британија ќе преговара за Брегзит, но тие преговори не можат да почнат додека Лондон не го активира членот 50.

- Говорот на премиерката Тереза Меј ни даде јасна слика како Британија планира да продолжи, но преговорите можат да почнат кога ќе се активира членот 50, истакна Меркел на заедничката прес-конференција со италијанскиот премиер Паоло Џентилони.

Таа додаде дека најважно е Европа да не дозволи да биде поделена и тоа треба да го обезбеди по пат на интензивен дијалог.