Свет
3. November 2015 - 10:53

Меркел: Постои опасност од конфликт на Балканот заради мигрантите

Германскиот канцелар Ангела Меркел предупреди на опасност од вооружени судири на Балканот, низ кои минуваат транзитните маршрути на бегалците ако се побара Германија да ја затвори границата со Австрија.

- На Западен Балкан веќе има тензии и јас не сакам таму да се случат воени судири, изјави синоќа Меркел во Дармштад.Меркел додаде дека не сака „да се засилуваат мрачните тонови, но ситуацијата може брзо да се влоши“.

Експерти предупредија дека ако Германија ја затвори границата со Австрија, истото ќе го направат и балканските држави низ кои минуваат бегалците.