Балкан
14. August 2018 - 16:15

Меркел порача: Нема промена на границите на Балканот, нема размена на територии

Идејата за поделбата на Косово и евентуалната размена на териотрии мегу Косво и Србија , која последниве денови повтроно се актуелизира не и се допадна на германската канцеларка. Таа по средбата со босанскиот премиер во Берлин порача дека нема да дозволи промена на границите на Балканот.

– Територијалниот интегритет на Западниот Балкан е дефиниран и не е тема за преговори – изјави  Ангела Меркел .

Ова е дирекетен одговор на изјавите кои во псоледно време  доагаа од Белград и Приштина и го заговараат сценариото на размена на териториите. Србија во таков случај би го добила севрот на Косово, додека пак Прешевската долина би се присоединила на Косовската Република.  Ваквата идеја тивко ја поддржува и албанскиоиот премиер Еди Рама, тврди бившиот шведски премеир Карл Билд кој е добар познавач на балканските прилики.  Германскиот аналитичар Андреас Вилдермит  пак во текстот под наслов Дали Косово и АЛбанија тајно се соединуваат , гледа можност за креирање Голема Албанија. Тој  постетува  дека  во Прешево Медвеге и Бујановац живеат 100 000 Албанци, 500 000 во македонија, а десетици илјади во Црна Гора, а на зедничката држава би се приклучиле и АЛбанците  од Грција, иако таму не се признава албанското малцинство. Германецот посетува дека предлогот за заеднички косовско албански престедател не помина кај мегународната заедница, но сега интензивно се работи на обединување на царинските служби.