Свет
2. March 2017 - 12:42

Меркел побара да биде ослободен новинарот од „Велт“, кој беше уапсен во Турција

Германската канцеларка Ангела Меркел побара да биде ослободен новинарот од германскиот весник „Велт“ Дениз Јуџел, кој беше уапсен во Турција. 

Меркел синоќа ги повика турските власти да го ослободат германскиот новинар. 

- Независното новинарство мора да постои и новинарите треба да имаат можност да си ја изврушуваат нивната работа, наведе германската канцеларка. 

Дениз Јуџел беше уапсен во средината на февруари по неколку обвиненија, меѓу кои и членство во терористичка организација. 

Во понеделникот турскиот суд нареди 43-годишниот новинар да остане во затвор. 

Јуџел, кој има германско и турско државјанство, вчера беше префрлен во затворот „Силиври“, што се наоѓа на 80 километри западно од Истанбул.