Меркел: Отворање на првите поглавја со Македонија и Албанија оваа година
Германската канцеларка Ангела Меркел ги презентираше приоритетите на претседателството на нејзината земја со ЕУ во наредните шест месеци, споменувајќи ги само преговорите со Северна Македонија и Албанија во однос на проширувањето.
Западниот Балкан, Африка, борбата против дезинформациите, миграцијата, Русија и Кина, се главните приоритети за Германија во делот на надворешната политика за наредните шест месеци.
-Пристапните конференции со Северна Македонија и Албанија треба да се одржат оваа година и да се отворат првите поглавја, рече Ангела Меркел пред европратениците попладнево.
За Меркел отворањето на преговорите со Скопје и Тирана претставуваат важен сигнал за заложбата на ЕУ кон интеграцијата на западниот Балкан.
Доколку двете земји го одржат досегашното реформско темпо, првите поглавја од преговорите би можеле да бидат отворени во ноември или декември. Германското претседателство планира оваа тема да биде на дневен ред на Советот на ЕУ во ноември. Дотогаш Европската Комисија треба исто така да ги објави редовните извештаи за реформскиот напред во сите земји од регионот.
Европската Комисија минатата недела ја поднесе и нацрт преговарачките рамки на ЕУ за Северна Македонија и Албанија до Советот.
Ново на Сител
-
Мисајловски: Ќе ги скратиме непродуктивните трошоци, за пензионерите ќе има 5.000 денари покачување на пензиите
-
Во Украина 50.150 лица се водат како исчезнати
-
ОН: На Хаити е катаклизмична ситуацијата
-
Бела куќа: САД испратија писмено предупредување на Русија за нападот во Москва, бесмислица е тврдењето за вмешаност на Украина
-
МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата
-
ВМРО-ДПМНЕ ги потврди листите за пратеници
-
Зеленски: Русија планира голема офанзива во наредните месеци
-
18-годишен тетовец украл автомобил, па направил сообраќајка