Свет
21. August 2017 - 9:25

Меркел: Одлуката за отворање на Германија за бегалци е исправна

Германската канцеларка Ангела Меркел и понатаму останува при својата одлука од пред две години дека треба да се отворат границите на Германија за повеќе стотици илјади бегалци.

Одговарајќи на новинарско прашање дали сега би постапила поинаку доколку повторно се соочи со истата ситуација, Меркел изјави дека „се уште мисли оти нејзината одлука била исправна“.

Таа додава дека нејзината Влада презема голем број мерки со цел да обезбеди кризата да не се повтори.

Приливот од речиси милион бегалци во Германија во 2015 година предизвика остри критики кон Меркел од страна на некои десничарски политичари, но и од нејзини сојузници во Баварија.