Loading Video...
Свет
11. July 2019 - 19:36

Меркел одбива да зборува за нејзината здравствена состојба

И покрај инсистирањето на новинарите, германската канцеларка одбива да   зборува  за нејзината здравствена состојба.  Во период од еден месец  Меркел трипати се тресеше  на јавен настан но таа тврди дека е добро.

Добро сум. Неодмана кажав дека сум во фаза на закрепнување од она што се случи на неодамнешната церемонија на доделување на воени почести со украинскиот претседател Зеленски. Таа фаа не е завршена, но има напредок. Јас сум добро  и нема потреба за загриженост,изјави Меркел.

Вчера таа имаше напади на тресење додека стоеше покрај финскиот премиер,  а претходно  истото се случи на средбата со украинскиот претседател и на церемонија за назначување  нов министер за правда на Германија. Денеска пак Меркел заедно со својата гостинка, премиерката на Данска интонирањето на химните  го следеа седејќи.