Меркел: Неприфатливо е Унгарија да не го почитува Европскиот суд
Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека е неприфатливо тоа што Унгарија ја игнорира пресудата на Европскиот суд, според која, земјата мора да прифати одреден број бегалци согласно планот на ЕУ.
- Неприфатливо е една влада да каже дека не ја интересира пресуда на Европскиот суд на правдата. Европа е место уредено со закони, рече Меркел за „Берлинер цајтунг".
Таа додаде дека на самитот на ЕУ во октомври тоа прашање ќе мора да се разгледа.
Европскиот суд на правдата минатата седмица го отфрли барањето на Унгарија и Словачка да бидат изземени од Програмата на ЕУ за задолжителни квоти за разместување на бегалци од Грција и Италија во други земји на ЕУ.
Унгарскиот премиер Виктор Орбан веднаш потоа изјави дека „ја зел предвид" пресудата на Европскиот суд, но дека нема да го промени својот став за прифаќањето имигранти.
Ново на Сител
-
Мисајловски: Ќе ги скратиме непродуктивните трошоци, за пензионерите ќе има 5.000 денари покачување на пензиите
-
Во Украина 50.150 лица се водат како исчезнати
-
ОН: На Хаити е катаклизмична ситуацијата
-
Бела куќа: САД испратија писмено предупредување на Русија за нападот во Москва, бесмислица е тврдењето за вмешаност на Украина
-
МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата
-
ВМРО-ДПМНЕ ги потврди листите за пратеници
-
Зеленски: Русија планира голема офанзива во наредните месеци
-
18-годишен тетовец украл автомобил, па направил сообраќајка