Свет
14. July 2020 - 15:52

Меркел: Неопходно е единство на Европа кога светот се реорганизира

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска во Минхен истакна дека е неопходно единство на Европа сега кога светот повторно целосно се организира.

Меркел, која како прва германска канцеларка присуствуваше на седницата на владата на покраината Баварија, на прес-конференција рече дека Европа значи „безбедност“ за Германија.

Таа истакна дека сè што се случува во Брисел за време на германското претседателство со ЕУ е многу важно.

– Светот во моментов се реорганизира. Тоа дека САД ја штитат ЕУ не е веќе нешто што се подразбира. Затоа, единството во Европа е поважно од кога и да е, порача Меркел.

На прашањето дали го поддржува премиерот на Баварија, Маркус Зедер за иден германски канцелар, Меркел потсети дека претходно најави дека нема да се кандидира на следните избори и дека сака да се дистанцира во однос на прашањето кој ќе биде нејзин наследник.

– Затоа не сакам да го коментирам тоа прашање, одговори Меркел.