Свет
27. јуни 2016 - 21:18

Меркел: Нема преговори со Велика Британија без официјално соопштување на Брегзитот

Лидерите на Германија, Франција и Италија денеска порачаа дека нема да има преговори со Велика Британија за нејзиното излегување од ЕУ се додека Лондон официјално не ја соопшти својата намера да го напушти блокот, јави Танјуг. 

-Се согласивме дека нема да има формални или неформални разговори со Велика Британија се додека не се активира член 50, порача германската канцеларка Ангела Меркел по состанокот со францускиот претседател Франсоа Оланд и со италијанскиот премиер Матео Ренци, пренесоа американските медиуми.

Таа додаде дека Германија, Франција и Италија ќе се залагаат за нов потик на ЕУ, наведуваат француските медиуми.

-На нашите колеги од ЕУ ќе им предложиме дека во следните неколку месеци треба да дадеме нов потик, рече таа, додавајќи дека областите во кои тоа треба да го направат ги вклучува „одбраната, растот или работните места и конкурентноста“.