Меркел не се плаши од распад на владејачката коалиција
Германската канцеларка Ангела Меркел денеска на прес-конференција во Берлин изрази уверување дека владината коалицијата ќе продолжи да функционира, а со оглед и на рејтинзите и да владее со Германија во иднина, јави дописникот на МИА од Берлин.
Иако во редовите на владината коалиција, и од Социјалдемократската партија на Германија (СПД) и од сестринската партија на нејзината Христијанско демократска унија (ЦДУ), баварската Христијанско социјална унија (ЦСУ), имаше остри несогласувања со начинот на кој федералната Влада се справува со бегалците, Меркел е уверена дека и покрај пречките трите партии ќе продолжат со соработката.
- Немам никакви сомнежи дека ќе ја продолжиме соработката, одговори денеска Меркел на прашање дали коалицијата ќе продолжи да функционира.
Според неа, заедничката агенда на членките на коалицијата е јасна, а во нејзиното имлементирање се направени сериозни чекори.
Во исот време, лидерот на ЦСУ, Хорст Зехофер, кој досега беше најголем критичар на политиката кон бегалците, изјави дека нема проблем да соработува и во иднина со канцеларката.
Зехофер потврди дека неговата партија планира да биде дел од коалицијата со ЦДУ во пресрет на федералните парламентарни избори закажани за втората половина на 2017 година.
Ново на Сител
-
Во Брисел почна трилатерален состанок на делагациите од Белград, ЕУ и од Приштина
-
Радовишанец во повеќе наврати извршил обљува врз малолетничка
-
Врховен го укина притворот на таткото на Вања, определи куќен притвор и мерка на претпазливост
-
Грчки медиуми: Голема победа на опозициската ВМРО-ДПМНЕ
-
Во Тетово прегазен малолетен пешак
-
Утре и во сабота дожд, потоа стабилизирање на времето
-
СЗО за консумирање алкохол и електронски цигари кај адолесцентите: Состојбата е алармантна
-
Белгиски медиуми: Македонија оди во втор круг гласање од кој и зависи европската иднина