Свет
14. December 2017 - 16:38

Меркел: Не ни треба селективна солидарност во ЕУ

 Германската канцеларка Ангела Меркел денеска изјави дека земјите-членки на ЕУ не можат да покажат само „селективна солидарност“ кон мигрантите.

- Потребна ни е солидарност не само во регулирањето и управувањето со миграцијата на надворешни граници - тоа е важно и добро, но потребна ни е и внатрешна солидарност. Мислам дека меѓу членките на ЕУ не смее да има селективна солидарност, истакна Меркел во Брисел.

Претседателот на Европскиот совет  Доналд Туск, пред почетокот на самитот на ЕУ изјави дека системот на задолжителни квоти за мигранти е неефикасен.

Германската канцеларка оцени дека основата за консултациите што ја поставил Туск „не е доволна“