Свет
11. July 2016 - 15:07

Меркел најавува тешки преговори со Велика Британија

Преговорите со Велика Британија по одлуката на британските граѓани да гласаат за излегување од Европскаа Унија ќе бидат тешки, смета германската канцеларка Ангела Меркел.

- Ќе имаме тешки преговори со Велика Британија, нема да биде лесно, изјави канцеларката на собир на членови на нејзината партија ЦДУ во источна Германија, јавува дописникот на МИА од Берлин.

- Затоа како 27 земји членки мора да се запрашаме како Европа треба да изгледа. Сметам дека секој треба да каже колкава бирократија постои, дополни Меркел, која од своите колеги политичари во Германија од Европските институции и земји членки претходно побара да не вршат притисок врз Велика Британија по референдумот за излегување од ЕУ.