Меркел: Лондон треба да реши што сака од преговорите за Брегзит
Велика Британија треба да донесе одлука што точно сака од преговорите за Брегзит, изјави денеска германската канцеларка Ангела Меркел во обраќање пред претставници на германските компании.
Според Меркел, на Брисел и Лондон им претстојат шест до осум недели напорна работа за евентуално постигнување на договор во текот на октомври за истапувањето на Велика Британија од ЕУ.
- Економијата сака јасни позиции. Најважно е што всушност сака Велика Британија. Досега дискусиите не беа многу јасни, оцени Меркел.
Таа одново ја предупреди Владата во Лондон дека не може да прифаќа само она што и одговара од заедничкиот пазар на ЕУ.
- Не можеш да бидеш дел од еден единствент пазар, само во една сфера, но не и во останатите три, нагласи Меркел.
Германската канцеларка оцени дека идните односи меѓу Велика Британија и ЕУ треба да бидат регулирани на „што е можно најкоректен начин“, бидејќи ако тие се премногу општи, утврдениот предоден период од 21 месец нема да биде доволен за постигнување целосен трговски договор.
Ново на Сител
-
Г-7 одлучни да ја засилат ПВО на Украина
-
Стано: Косово мора да ја формира Заедницата на српски општини, во спротивно ќе има последици
-
Руси поставија светски рекорд со скок со падобран | ВИДЕО
-
В недела евакуација на жителите на Ниш поради неутрализирање бомба останата од бомбардирањето на НАТО
-
Продолжува периодот на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд
-
За еден месец изгорени над 400 хектари шума во Националниот парк Шар Планина
-
Во март зголемени потрошувачките, станбените, автомобилските и кредитите на тековните сметки
-
Приведен 20-годишник кој бил баран со потерница поради бегство од Затворот Гевгелија