-->
-->
Меркел ќе му помага на Макрон да ја намали невработеноста
-->
Германската канцеларка Ангела Меркел чија партија вчера победи на парламентарните избори во покраината Шлезвих Холштајн денеска од Берлин вети максимална поддршка за новизбраниот француски претседател Емануел Макрон.
Какошто пренесува дописникот на МИА од Берлин Меркел му честита на Макрон за неговиот „спектакуларен“ изборен успех и вети дека ќе и помогне на Франција да се справи со високото ниво на невработеност која што е двојно повисока од Германија. Според Меркел нејзината земја ќе работи заедно со Франција со цел да се промовира Европската стабилност.
- Тој носи надеж за милиони Французи како и за голем број луѓе во Германија и во цела Европа. Тој водеше храбра про - европска кампања, се заложи за отвореност кон светот и е одлучен да ја развива социјалната пазарна економија, изјави Меркел на прес конференција во Берлин.
Победата за Макрон , според Меркел е позитивна за германско - француските односи кои што се основа на германската надворешна политика но изборните резултати во Франција не се причина Германија да го менува својот економски курс.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Во Велес до 11 часот излезноста на изборите е 16,34, во Чашка 15,27, во Градско 20,62 проценти
-
Ангеловски: Пронајдена испукана димна бомба на гласачко место во Скопје
-
Излезноста до 11 часот на избирачките места во Кочанско е околу 13 отсто
-
Сончево, попладне со услови за краткотраен дожд
-
Излезноста до 11 часот е 12.78 отсто
-
Платил преку интернет 21 илјада евра за роба која не стигнала, измамен тетовец
-
79-годишен дедо нападнал полицаец во Куманово
-
Грк починал во битолско казино