Свет
16. April 2021 - 8:29

Меркел ќе ја прими вакцината на АстраЗенека

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска ќе ја прими вакцината на Астра Зенека против коронавирусот.

Според германскиот дневен весник „Велт”, политичарката од Христијанско-демократската унија (ЦДУ) ќе биде имунизирана со вакцината на Астра Зенека, со цел да се зголеми довербата во вакцината на Оксфорд низ цела Европска унија.

Канцеларката Меркел има над 60 години и со тоа спаѓа во групата на оние кои ги исполнуваат условите за имунизација со таа вакцина во Германија.