Свет
13. December 2015 - 9:29

Меркел ја поздрави Париската спогодба за климата

Германскиот канцелар Ангела Меркел ја поздрави синоќа постигнатата спогодба за климата во Париз, оценувајќи ја како знак на надеж, пренесе ДПА.

-Со усвојувањето на спогодбата за климата светската заедница за првпат презеде обврска да се бори со глобалните проемни на климата, рече Меркел во Берлин.

Таа му се заблагодари на францускиот претседател за грижливата подготовка, умешното справување со преговорите, како и за неговото гостопримство.

-Париз засекогаш ќе остане поврзан со овој историски пресврт во глобалната политика во областа на климата, додаде Меркел.