Свет
8. December 2015 - 18:06

Меркел ја очекува остра дебата на партискиот конгрес на ЦДУ

Првпат откако стана канцеларка Ангела Меркел се соочува со сериозно незадоволство за време на конгресот на нејзината партија ЦДУ, што треба да се одржи идната недена во Карлсруе.

Иако на предходните годишни собири на најголемата германска партија таа беше пречекана со овации пред се поради инсистирањето да се зачуваат германските интереси во кризата со еврото и санкциите кон Русија поради Украина, сега Меркел ја очекува жешка атмосфера.

Промената на јавното мислење кое е што е се покритички настроено кон политиката на отворена врата за бегалците и притисокот од страна на сестринската баварска партија ЦСУ се само вовед во отпорот кој што Меркел во има во врска со нејзината политика за бегалците поради која антиевропската Алтернатива за Германија (АФД) од маргинална политичка сила стана трета по сила партија во земјата.

Главниот удар за Меркел се очекува од ветераните министрите за финансии Шојбле и за внтарешни работи Мазиер кои што лобираа за поголема контрола при прием на бегалците и од таканареченото младо крило на ЦДУ кое што сака Меркел да се согласи на максимална бројка на бегалци по која земјата ќе ги затвори своите врати.

Иако на сите им е јасно дека ваквиот чекор практично не може да се изведе затоа што меѓународното право и конвенциите за правата на бегалците не познаваат граници во смисла на број на примени бегалци а во исто време тоа би значело дека постои дискриминација, од Меркел се очекува да даде сигнал дека земјата ќе стори нешто во тој правец.

Меркел која во ноември одбележа една деценија откако стана канцеларка наскоро треба да одлучи дали уште еднаш во 2017 година ќе се кандидира за уште еден мандат.

- Меркел никогаш не се соочила со вакви критики од своите сопартијци од кога стана канцеларка, напиша на својата насловна страница весникот „Франкфуртер алгемајне цајтунг“ чии коментатори сметаат дека под никакви околности таа не сме да прифати дебата или заклучок во кој ќе стои зборот граница за прием на бегалци.

Според западните медиуми Меркел во пресрет на конгресот има две работи кои што и ја зацврстуваат позицијата. Првата е намалениот број на новодојдени бегалци токму поради нејзиниот предлог Турција да добие пари за да спречи трансфер на бегалците кон Грција и понатаму кон ЕУ. Втората причина за оптимизам во нејзиниот кабинет е прекин на падот на рејтингот на ЦДУ кој што по неколку месечен пад сег ане само што се стабилизира туку и се зголеми за еден процент според последните анкети. Во исто време популарноста на канцеларката се зголеми од 49 на 54 проценти.