Свет
8. January 2020 - 8:29

Меркел и Трамп разговараа за Иран, Ирак и Либија

Американскиот претседател Доналд Трамп и германската канцеларка Ангела Меркел разговараа за „напнатата ситуација во врска со Иран и Ирак“, соопшти портпаролот на германската влада Стефан Зајберт.

– Тие исто така разменија мислења и за актуелната ситуација во Либија и политичките напори за решавање на конфликтот во таа земја. Тие се согласија да останат во контакт за ова прашање, рече Зајберт.